сабота, 28. март 2020. Вести денес: 90
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Намалена видливоста на патниот правец крак Маврово- брана

Намалена видливоста на патниот правец крак Маврово- брана

На патниот правец од крак Маврово до брана видливоста поради магла е намалена до десет метри, соопштија АМСМ и ЈП „Македонија пат“.

Поради магла видливоста е намалена и на Стража и Маврово на 30 до 50 метри, како и на Попова Шапка до 20 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози и можни се поситни одрони на одредени патни правци кои минуваат низ клисури и усеци поради што е неопходно внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.