Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по суви коловози на пониските и наместа влажни коловози на повисоките места. Намалена видливост 50 – 200 м поради магла има во Струга, Македонски Брод, Ресен, Кичево и од Катланово до тунел Катланово видливоста е 100-150 м.
Како што соопшти ЈП Македонија пат, на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.