недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Намалена видливост поради магла во Ресен и планинскиот превој Ѓавато

Намалена видливост поради магла во Ресен и планинскиот превој Ѓавато

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има во Ресен и планинскиот превој Ѓавато, информираат од АМСМ.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, се вели во извештајот на АМСМ за состојбата на патиштата во 12 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус