четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 46
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Намалена видливост поради магла кај Попова Шапка, Маврово и Ѓавато

Намалена видливост поради магла кај Попова Шапка, Маврово и Ѓавато

Поради појава на магла денеска има намалена видливост од 50 до 100 метри на Попова Шапка, Маврово и на планинскиот премин Ѓавато.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на планинскиот премин Ѓавато.

Од АМСМ потсетуваат дека за македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на Главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус