сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 46
home Вести

Намалена видливост од 50 до 100 метри на Велес-Катланово, Куманово-Паланка, Виница-Берово

Намалена видливост од 50 до 100 метри на Велес-Катланово, Куманово-Паланка, Виница-Берово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Велес – Катланово, Куманово- Крива Паланка и Виница- Берово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ИНФОРМАЦИЈА: Од 30.12.2019 реконструкцијата на мостот на Вардар кај с. Пепелиште на патниот правец Неготино – Лакавица е завршена. Сообраќајот се одвива нормално за сите видови на возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус