вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

Намалена видливост на Ѓавато до 100 метри поради магла

Намалена видливост на Ѓавато до 100 метри поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места, каде коловозите се влажни.

Намалена видливост до 100м. поради појава на магла има на планинскиот премин Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Коронавирус