петок, 4. декември 2020. Вести денес: 100
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

Намалена видливост до 50 метри на повеќе патни правци

Намалена видливост до 50 метри на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово- с Гајре, Павлешници, планински превои Пресека, Кула- Катланово, Страцин, Охрид, Струга, М. Брод.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 30.12.2019 реконструкцијата на мостот на Вардар кај с. Пепелиште на патниот правец Неготино – Лакавица е завршена. Сообраќајот се одвива нормално за сите видови на возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус