понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 121
home Вести

Намалена видливост до 50 метри кај Попова Шапка и Крива Паланка

Намалена видливост до 50 метри кај Попова Шапка и Крива Паланка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Дожд со слаб интензитет врне во Демир Капија и Удово.

Намалена видливост до 50м. поради магла има од с.Лисец до Попова Шапка и Крива Паланка до Псача.

Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус