петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Намален водостојот на Вардар во однос на вчера

Намален водостојот на Вардар во однос на вчера

За пет сантиметри денеска е понизок водостојот на Вардар кај Велес во однос на вчера, а за четири сантиметри кај Јегуновце и Демир Капија, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Понизок водостој денеска имаат и реките Треска, Бабуна, Струмица и Црна Река кај Новаци.

Повисоко е нивото на Брегалница кај Берово за четири саниметри, на Радика за два сантиметри и на Црн Дрим за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден.

Кај езерата нема некои поголеми отстапувања. (МИА)

Коронавирус