понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Вести

Намален водостојот на Вардар и на Охридското и Преспанското Езеро

Намален водостојот на Вардар и на Охридското и Преспанското Езеро

Речиси двојно понизок од вчера е водостојот на Вардар кај Јегуновце, а на останатите три мерни места е во рамките на вчерашниот просек, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Кај останатите реки во земјава нивоата се во рамките на вчерашните и се пониски од вообичаените за овој месец со исклучок на Вардар во Скопје каде водостојот е двојно повисок од просечниот.

Намалување на нивото во однос на вчера од по еден сантиметар имаат Преспанското и Охридското Езеро, кај кои водостојот е понизок од повеќегодишниот просек за ноември, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера и е повисоко од просечното.

Коронавирус