недела, 7. март 2021. Вести денес: 1
home Вести

Намален водостојот на реките

Намален водостојот на реките

Водостоите на реките во земјава бележат благо намалување во однос на вчера. Исклучок е реката Пчиња на мерното место кај Пелинце, каде нивото е за еден сантиметар повисоко од вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направани од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според мерењата, водостоите на поголем дел од реките се повисоки од просекот за јануари.

За разлика од реките, водостоите на природните езера се исти како вчера иако кај две од трите езера се пониски од повеќегодишниот просек за овој месец. Повисоко од просечното е нивото на Дојранското Езеро и тоа за три метри, додека водостојот на Охридското е понизок за 10 сантиметри, а на Преспанското Езеро за 1,37 метри од просечниот. Нивото на Преспанското Езеро за 34 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

Коронавирус