сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 100
home Вести

Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро

Намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро

Водостојот на Охридското и Преспанското Езеро денеска повторно е намален за по еден сантиметар.

Ова, како што покажуваат мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), е второ намалување на нивото на езерата за еден сантиметар во текот за неделава.

Водостојот на двете езера е понизок од просекот за јули и тоа за 19 сантиметри кај Охридското и за 1,17 метри кај Преспанското Езеро. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е константно и е за 2,66 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец.

Намалување на водостојот во однос на вчера бележат и речиси сите реки во земјава.

Коронавирус