недела, 15. септември 2019. Вести денес: 76
home Вести

Намален водостојот на Дојранското и Преспанското Езеро

Намален водостојот на Дојранското и Преспанското Езеро

Водостојот на Дојранското Езеро е за два сантиметра понизок од вчера, но сепак е за повеќе од 2,5 метри повисок од повеќегодишниот просек за август, покажуваат последните мерење направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Намалување на нивото од еден сантиметар во однос на вчера бележи и Преспанското Езеро кое има за речиси половина метар понизок водостој од вообичаениот, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера и е малку повисоко од просечното.

Кај трите природни езера е забележано и зголемување на температурата на водата за половина степен во споредба со вчерашната.

Нивоата, пак, на реките во земјава се речиси исти како вчера.