сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 62
home Вести

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Водостојот на Дојранското Езеро е за еден сантиметар понизок од вчера, додека кај Охридското и Преспанското е ист како вчерашниот, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Кај Охридското и Преспанското Езеро нивото е пониско од вообичаеното и тоа за четри сантиметри кај Охридското и за 49 сантиметри кај Преспанското, а кај Дојранското Езеро е повисоко за 2,71 метар од повеќе годишниот просек за декември.

Понизок од просечниот за овој период од годината е и водостојот на сите реки во земјава.

Коронавирус