сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 92
home Вести

Намален водостојот на Дојранското Езеро

Намален водостојот на Дојранското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро во споредба со вчера, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти, покажуваат резултатите од најновите мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,84 метри повисок од просечниот за јуни, додека кај Охридското е за еден сантиметар понизок од просечниот, а кај Преспанското Езеро 1,01 метар понизок од повеќегодишниот просек за овој месец.

Водостоите на реките се речиси исти како вчера и имаат благо зголемување или намалување во однос на вчера.

Коронавирус