петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Вести

Намален бројот на живородени дечиња, најмногу бебиња се зачнуваат околу новогодишните празници

Намален бројот на живородени дечиња, најмногу бебиња се зачнуваат околу новогодишните празници

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2018-та година се родени вкупно 21.484 деца, од кои живородени се 21.333, а 151 е мртвородено.

Бројот на живородените деца во 2018-та година, во споредба со минатата година, е намален за 1.9 %.

Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 52.4 %, односно на 100 живородени женски деца 110 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец септември (1973). Тоа значи дека најголем дел од бебињата се зачнати во периодот околу новогодишните празници. Втората половина на декември и првата половина на јануари.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.1 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.1 година и кај првите раѓања изнесува 27.3 години.

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1990 година.

Во 2018-та година се регистрирани 19 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 587 или 12.1 % од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.