вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 110
home Вести

Намален бројот на работниците во индустријата

Намален бројот на работниците во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во август годинава во однос на август лани е намален за 1,7 отсто, а во периодот јануари – август годинава, во однос на период лани има пад од 2,1 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење на камен во август годинава споредено со август минатата година има опаѓање на бројот на работници од 7,5 проценти, во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од два отсто, а во секторот Преработувачка индустрија од 1,3 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,4 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,3 проценти, додека пораст бележи кај Капитални производи за шест проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 проценти.

Коронавирус