среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 100
home Вести

Намален бројот на издадени одобренија за градба

Намален бројот на издадени одобренија за градба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2019 година се издадени 240 одобренија за градење, што е за 3.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 309 660 илјади денари, што е за 14.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 122 (50.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 35 (14.6 %) за објекти од нискоградба и 83 (34.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 240 објекти, на 122 (50.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 118 (49.2 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 391 стан, со вкупна корисна површина од 28 249 м2.

Коронавирус