среда, 17. октомври 2018. Вести денес: 48
home Вести

Наков: Фалично обвинение без никакви аргуметни е случајот „Тенк“

Наков: Фалично обвинение без никакви аргуметни е случајот „Тенк“

Адвокатот Дончо Наков во својот завршен говор се осврна на бројните недоречености и недостатоци на обвинителниот акт на СЈО.

-На судењата доаѓам со цел да видам дали ќе има измени во обвинителниот акт измени во дејствието, каузалниот тек и правната квалификација. Онака како што е поставено ова обвинение е незаконско правно формално, изјави Наков

Тој вели дека со самото издвојување на обвинетата Гордана Јанкуловска се прекинува каузалниот синџир на дејствување. Синџирот, во кој се вкрстуваат неколку дејствувања е нарушен.

Во диспозитивот на обвинителниот акт не постои “извршил со цел” како и време на извршеното дело. Овие позиции ве носат до време начин и место што е основа на секој обвинителен акт. Во диспозитивот не постои време кога Никола Груевски побарал од Гордана Јанкуловска, а додека место постои – Скопје.

Во текстот на актот единстен глагол и декствие е “побарал”. Позицијата на умисла пак, ја нема во овој обвинителен акт, односно во првите 9 реда во тој дел не е ставен збор умисла. Во целиот акт зборот умисла е само за Гордана Јанкуловска и тоа на едно место.

Умислата е ставена во последните 3 реда од актот, а денеска и нагласена многу децидно. Умислата на Никола Груевски е дека сакал да користи, но да не се дознае во јавноста. Во правната теорија уште во римско време за замислена идеја никој неможе да се казни. Се работи за лична желба според обвинителот Гаврил Бубевски, но некој да се казни за самите желби, мисли и идеи е недозволиво. Така велат и домашните и странските правни стручњаци.