петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Најуспешната Македонка под 30 години според листата на „Форбс“ во интервју за КУРИР со совети за младите кои сакаат да започнат свој бизнис (ВИДЕО)

Најуспешната Македонка под 30 години според листата на „Форбс“  во интервју за КУРИР со совети за младите кои сакаат да започнат свој бизнис (ВИДЕО)

Основачот на Академијата за маркетинг и Пи-ар  „Креатив Хаб“ Аријана Коскарова во интервју за КУРИР за наградата која ја добила од „Форбс“ за најуспешни млади луѓе под 30 години вели дека е голема одговорност, но и престиж.

-Главниот уредник на Форбс ни беше и гостин во Македонија во месец септември и морам да кажам дека доволно покажува колку сме оставиле впечаток за тие луѓе кои не ценат. На манифестацијата бев и најдобро облечена според „Форбс“, но мислам дека тоа што го носиш не е толку важно отколку тоа што го поседуваш во себе, вели Коскарова.

Таа вели дека тоа што ја натерало да се врати во Македонија од странство и да формира компанија тука е тоа што почувствувала дека сега е време да основа бизнис и да се предизвика во улога на претприемач.

-Сум живеела во странство, но не сум отворила таму бизнис, тоа си го помислив пред некој ден, зошто кога јас живеев во Шангај не отворив таму бизнис, или во Мајами, но некако и тогаш сум била релативно млада, но зошто не сум се охрабрила да основам бизнис? Меѓутоа ми било потребно стекнато искуство од работи кога сум работела за некој друг, така што на оние кои сега започнуваат со бизнис би им препорачала да ја истражат големината на пазарот и да видат дали решаваат одреден проблем со нивниот бизнис, дали имаат и одредена таргет група за нивниот бизнис, вели Коскарова.

Целото интервју за КУРИР погледнете го во продолжение:

Коронавирус