понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 106
home Вести

Најстудено во Маврово и Берово

Најстудено во Маврово и Берово

Минимални температури од минус три степени утрово се измерени во Берово и Маврово, а максимални пет во Гевгелија.

Според УХМР, -2 е во Лазарополе, Крушево и Ѓуриште, -1 во Битола, Пожаране и Претор, нула степени во Струмица, Крива Паланка и Тополчани, еден во Куманово и Прилеп, два во Тетово, Виница, Скопје, Штип, Охрид и Скопје Петровец, како и четири во Демир Капија и Дојран.

Висината на снежната покривка е три сантиметри во Крушево и еден во Маврово, додека наврнатиот воден талог изнесува 11 литри на метар квадратен во Струмица, шест во Пожаране, пет во берово, три во Крушево, два во Лазарополе и Охрид и еден во Тетово и Крива Паланка.

Времето утрово е умерено до значително облачно, понекаде со слаб до умерен северозападен ветер. Ветерот е најизразен во Скопско и Гевгелиско. Во Маврово и Лазарополе има врежи претежно од слаб снег, а над Полог има појава на магла.

Претпладне се очекува поголема облачност, особено во западните делови од земјата, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој од средината на денот и вдолж Повардарието ќе засилува. Температурата ќе биде од три до девет степени.

Во Скопје слично време со температурата до седум степени.

За време на викендот и Новогодишната ноќ ќе биде стабилно и суво. Во новогодишната ноќ нема да е многу студено, а температурите ќе се претежно само некој степен под нулата.

Утре и во понеделник ветерот ќе биде слаб и постепено ќе се менува кон јужен. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер. На повисоките планини врнежите ќе се од снег.

Коронавирус