петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Најстудено во Берово минус 13, во Скопје минус осум

Најстудено во Берово минус 13, во Скопје минус осум

Најстудено изутринава е во Берово каде се измерни – 13 степени, во Маврово -11, во Лазарополе и Крива Паланка -10, во Скопје Петровец, Пожаране, Крушево и Прилеп -8, во Скопје Зајчев Рид, Претор, Демир Капија, Тетово, Битола, Штип и Струмица -7, во Виница, Дебар, Тополчани, Ѓуриште -6 степени, и во Гевгелија и Охрид -5 степени.

Најмногу снег има во Маврови Анови, каде утринава се измерени осум сантиметри, шест во Ѓуриште, пет во Пожаране, по три во Берово и Лазарополе и еден сантиметар во Крива Паланка.

Времето денеска ќе биде сончево, по одделни котлини со заматеност на атмосферата. Температурата ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје температура до 5 степени.

Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Утре и во сабота во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.

Локални избори 2021