понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 159
home Вести

Најстудено утринава во Маврово, еве каде има најмногу снег

Најстудено утринава во Маврово, еве каде има најмногу снег

Утрово во земјава најстудено било во Маврово каде се измерени -10 Маврово и Крушево – 8 степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран, каде е измерен 1 степен целзиусов.

Највисока снежна покривка е измерена во Маврови Анови – 23 сантиметри, во Попова Шапка 9 сантиметри, 3 во Лазарополе и 1 сантиметар во Ѓуриште.

Утово во земјава времето е облачно и студено. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а наместа повремено силен северен ветер со брзина и над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне обланоста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 2 степенa.

Коронавирус