Македонија 27 сантиметри снежната покривка на Шапка

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено изутрина е во Попова Шапка, каде во седум часот измерени се – 4 степени Целзиусови, по што следуваат Крива Паланка и Лазарополе со – 3, Битола, Прилеп, Струмица, Берово и Маврови Анови со – 1, како и Тетово, Куманово и Штип со 0 степени.

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Во Дебар и Крушево 1 степан, Охрид, Претор, Виница, Гевгелија и Скопје – Петровец 2, Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија 3, Велес и Кавадарци 4, а Дојран 5.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 27 сантиметри, во Ѓуриште девет, а во Пожаране пет.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Најнови вести од Македонија

To top