четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 184
home Вести

Најстариот оздравен пациент излезе од болница: Баба Елена на 85 години го надмина ковид-19

Најстариот оздравен пациент излезе од болница: Баба Елена на 85 години го надмина ковид-19

Македонија денеска го доби најстариот оздравен пациент од коронавирусот. 85-годишната Елена Макалоска од Прилеп денеска ја напушти болницата и замина од инфективното одделение, објави Канал 5 телевизија.

„Кога ќе оздравам и излезам од болница сакам да ми ставите слика со сите на вас болничари, сестри и доктори на Фејсбук“, била желбата на 85 годишната Елена Макалоска од Прилеп. Таа пред 21 ден била примена во болницата во лоша состојба и со потврден Ковид 19. Тешка пневмонија во комбинација со слабокрвност била првата клиничка слика кај Елена. Докторите сакале да ја однесат во инфективната клиника во Скопје, но на инсистирање на фамилијата останала во болницата во Прилеп.

Елена била многу силна и со позитивен дух од самиот почеток и во најтешките денови од заболувањето знаела дека ќе оздрави и таа и нејзината ќерка болна од Ковид 19. Доктор Крстеска вели дека Елена е најстариот пациент со Ковид 19 во нивната болница кој се излекувал досега.

Елена денеска си замина во домот, со маска на лицето и насмеани очи.Таа си го исполнила ветувањето дека ќе оздрави. Благодарна за исполенетата желба од страна на пресоналот од инфективното одделние да биде на фејсбук со порака: „докрај да се изборат луѓето со секој проблем во животот“.

Коронавирус