четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 118
home Вести

Најслатко е на државни јасли, Шеќеринска вработува за 50.000 денари плата

Најслатко е на државни јасли, Шеќеринска вработува за 50.000 денари плата

По се изгледа дека власта сериозно се “фати“ за работа. Но, овој пат наместо местење на некој нов милионски тендер, одлучи на две недели по формирање на владата да го започне новиот серијал на партиски вработувања.

Имено, пред само два дена објавен е оглас за вработување на тројца посебни советници во кабинетот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Но, ова не е единствениот оглас, и во кабинетот на министерката за образование и наука се бараат тројца советници.

Според огласот се бараат различни профили, а според позицијата платата се движи од 30.000 до 60.000 денари.

За потсетување на јавноста, владејачката СДСМ додека беше во опозиција речиси не поминуваше ден а да не одржи некоја партиска прес конференција за да обвини дека администрацијата е партизирана и дека се злоупотребува за партиски цели како и дека администрацијата е превработена. Но, сега во време на власт гледаме дека најслатко е вработувањето на државни јасли каде што наместо професионални кадри со соодветно образование, се вработуваат партиските војници на СДСМ.

 

 

 

Коронавирус