вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Најнови информации од МЗ за коронавирусот во Македонија

Најнови информации од МЗ за коронавирусот во Македонија

Министерството за здравство со препорака до Владата за неодржување јавни масовни собири и спортски натпревари да продолжи до 13 март, следниот петок. Оваа мерка доаѓа како резултат на тоа што бројот на заразени лица со коронавирус во Европа контунуирано се зголемува.

Нема нови тестирани пациенти на корона вирус на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Здравствената состојба на единствената пациентка со корона вирус е добра.

Во овој момент екипа на епидемиолози прават разговор со двајца странци сместени во хотел во центарот на Скопје, кои во изминатите три дена имаат симптоми на настинка. Во државата стигнале на 28 февруари со авионот на „Wizz Air“ од Келн. Едниот е државјанин на Австралија, а другиот на Сингапур. Со епидемиолозите разговараат за контактите кои ги имале, што правеле овие денови во нашиот град. Во следните три до четири часа готови ќе бидат и нивните резултатите од тестирањето на корона. Тие засега остануваат изолирани во хотелската соба каде двајцата биле сместени.

Имавме разговор со мобилните оператори со цел да воведеме уште една мерка на контрола. Мобилните оператори излегоа во пресрет и чекаме да се изработи техничко решение, а тоа е сите странци кои влегуваат во нашата земја со посебна порака да бидат известени за тоа што треба да преземат, каде да се јават доколку им се јават симптоми на болеста. Идентични податоци од флаерот којшто го добиваат на граничните премини или на аеродромите во текстуална порака да им стигне веднаш откога ќе се вклучат на која било од нашите мрежи. По техничкото решение, веќе денеска најавија мобилните оператори ќе биде во функција.

Околу 4250 лица се заболени од коронавирус во регионот Европа, речиси илјада повеќе од вчерашниот ден. Во нашиот регион, има нови пациенти со коронавирус, еден во Словенија и двајца во Република Србија.

-Синоќа разговарав и со нашиот конзул во Италија. Италија ги затвори сите училишта и универзитети до 15 март, остануваат во сила оние мерки во регионот во Северна Италија. Конзулот има најава дека има наши државјани коишто се на работа таму и поради овие мерки, поради тоа што голем дел од нив не можат да одат на работа, некои веќе сакаат да се враќаат во нашата земја, а тој работи на тоа да има интензивна комуникација со нив за евентуално поголемите организирани групи на наши граѓани кои би доаѓале во Италија се најават претходно со цел да имаме подобар увид на влезот на патници, информира министерот Филипче.

Локални избори 2021