понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Најнови информации: Идентификувани сите патници кои биле во комбе со жената заразена со коронавирус, ќе бидат во изолација!

Најнови информации: Идентификувани сите патници кои биле во комбе со жената заразена со коронавирус, ќе бидат во изолација!

Потврден е првиот случај на заболен од коронавирус во земјава. Станува збор за пациентка, родена 1970 година од Скопје, која одреден период престојувала во Италија.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека сите патници со кои патувала жената заразена со коронавирус се идентификувани и се тестирани.

Секое лице кое имало контакт со жената ќе остане во својот дом додека не се готови резултатите. Во изолација ќе останат 14 дена.

Патниците кои со неа патувале се од Скопје и Струмица, а во комбето имало 9 луѓе.