понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Најнови информации: Бројот на заболени со коронавирус во Македонија се искачи на 31

Најнови информации: Бројот на заболени со коронавирус во Македонија се искачи на 31
ФОТО:СДК

Има дијагностицирано 5 нови случаи од кои 4 се здравствени работници од Дебар. Со ова, вкупната бројка на заболени во нашата земја изнесува 31, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денената прес-конференција.

-Освен здравствените работници од Дебар, позитивен на коронавирус е и тестот на сопругата на пациентот кај кого утрово беше дијагностицирано коронавирус. Таа ќе биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести. Четирите здравствени работници се од прватна здравствена установа од Дебар. Дел се носители само, веројатно е дека ќе ја развијат болеста и беа скенирани како резултат на поширокиот скрининг кој започна да се прави денеска во овој регион, информира Филипче.

Од утре во болницата во Дебар ќе престојуваат и двајца доктори од Клиниката за пулмологија за да им помогнат на другите здравствени работници.

Филипче апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките.

Коронавирус