недела, 26. септември 2021. Вести денес: 86
home Вести

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Граничниот премин се уште затворен, струјата е исклучена во околината, автомобилите се пренасочуваат преку Дојран

НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: Граничниот премин се уште затворен, струјата е исклучена во околината, автомобилите се пренасочуваат преку Дојран

Пожарот што попладнево избувна во граничниот појас меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица е локализиран и ставен под контрола од пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, кои со помош од воени хеликоптери успеаја да ги скротат пламените јазици и да ги спасат од поголема опасност објектите на потегот кон ГП „Богородица“.

Поради активноста и дејството на пожарникарите од електрична енергија беше исклучен објектот на ГП „Богородица“ и преминот времено е затворен за сообраќај заради безбедност на патниците и за да се овозможи простор за дејство на пожарникарите, откако пожарот се доближи до објектот на граничната караула на АРМ, до казиното „Фламинго“ и до бензинската пумпа „Шимов“, што беше и најопасниот и најкритичниот момент од денешниот пожар во пограничниот појас на Гевгелиско.

Сообраќајот на ГП „Богородица“ се уште е во прекин и ќе биде нормализиран откако екипите на ЕВН ќе проверат дали е безбедно објектот да се приклучи на електрична енергија.

Претходно, АМСМ информира дека поради затворањето на ГП „Богородица“, возилата се пренасочуваат на граничниот премин „Дојран“.

Коронавирус