петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

„Најновата техника на градоначалникот сообраќаец“: Граѓаните гневни на новиот метод за чистење на скопските улици (ВИДЕО)

„Најновата техника на градоначалникот сообраќаец“: Граѓаните гневни на новиот метод за чистење на скопските улици (ВИДЕО)

На социјалните мрежи денеска кружи видео кое ги револтираше сите.

Станува збор за камион на Комуналната хигиена во Скопје кое е задолжено да ги чисти улиците во главниот град, но наместо тоа камионот повеќе прави ѓубре во буквална смисла на зборот, наместо да чисти.

Граѓаните преку илјадници коментари во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ го нападнаа градот на чие чело е Петре Шилегов, но и Јавното претпријатие комунална хигиена Скопје.

„Не е само чистење и запрашување од комарци и други штетни инсекти“, „Ова како старите правосмукалки“, „Оваа техника се вика чистење со запрашување на градоначалникот сообраќаец“, „Гори поле, топе се планине“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.