петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 7
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Најмногу заразени има во Скопје и Куманово: Ова се сите македонски градови во кои се шири коронавирусот

Најмногу заразени има во Скопје и Куманово: Ова се сите македонски градови во кои се шири коронавирусот

Во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив, 12 се од Скопје, 8 од Куманово, 9 од Прилеп  и 1 од Крива Паланка.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  384 лица.

Според местото на живеење, најголем дел од заразените се од Скопје и нивниот број изнесува 195.

Потоа следува Куманово со 62 заразени, а во Дебар 47 граѓани имаат коронавирус.

Во Прилеп 21 лице има коронавирус, а 15 штипјани се заразени.

Во Тетово бројот на заразени е 13, во Струга 9, шест во Велес, 4 во Битола, 3 во Охрид.

По двајца граѓани со коронавирус има во Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка, а по еден заразен е регистриран во Гостивар, Струмица и Кочани.

Коронавирус