вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 79
home Вести

Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Маврови Анови, Берово, Битола и Скопје

Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Маврови Анови, Берово, Битола и Скопје

Најстудено утринава е во Берово, Маврови Анови, Битола, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, каде во 7 часот се измерени минус 6 степени целзиусови, а најтопло во Дојран со температура од 6 и Гевгелија од 8 степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 37 сантиметри, а снежна покривка од 15 сантиметри има во Маврови Анови и од 11 сантиметри во Крушево.

Утринава времето е ведро и со слаб ветер освен во Штипско и на Ѓуриште каде што дува умерен западен ветер. Појава на магла има во Дебар.

Времето денеска ќе биде сончево, студено и ветровито. Претежно во северните делови ќе има мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 5 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Коронавирус