вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Лазарополе

Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Лазарополе

Времето изутринава е претежно облачно, а само во некои места има слаб дожд. Долж Повардарието дува слаб до умерен северен ветер.

Најстудено било во Лазрополе каде се измерени – 3 степени, – 1 во Маврово, во Крива Паланка 0, во Скопје-Зајчев Рид и Штип еден степен, во Тетово и Скопје – Петровец два степени, во Прилеп, Струмица, Демир Капија, Берово и Претор три, во Битола, Гевгелија и Охрид четири степени.

Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка 32 сантиметри, додеја најмногу дожд до 7 часот изутринава паднало во Гевгелија 45 л/м2, во Берово 38, во Демир Капија 30, во струмица 27, во Прилеп 21, во Битола 19, во Претор 15, во Охрид 11, Штип осум, Крива Паланка шест, Дебар, Пожаране и Ѓуриште пет, Тетово два и Скопје – Зајчев рид и Куманово еден л/м2.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални и слаби врнежи од дожд, а на планините на север од снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне шест степени.

Коронавирус