петок, 26. февруари 2021. Вести денес: 181
home Вести

Најмногу снег има на Попова Шапка, еве колку сантиметри снежна покривка се измерени утрово

Најмногу снег има на Попова Шапка, еве колку сантиметри снежна покривка се измерени утрово

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 31 сантиметар во Попова Шапка, 10 во Битола, два во Маврови Анови и еден сантиметар во Лазарополе.

Од Управата за Хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови облачно со повремени врнежи од дожд, само на највисоките планини од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 9 степени

Коронавирус