петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 130
home Вести

Најмногу има во Чаир и Карпош: Од кои општини се новозаразените скопјани?

Најмногу има во Чаир и Карпош: Од кои општини се новозаразените скопјани?

На подрачјето на Град Скопје денеска е регистриран 41 новозаразен со коронавирусот, од кои најмногу – 24 се од Чаир, по што следат Карпош, Бутел, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Во Скопје има вкупно 760 активни случаи на КОВИД-19, од кои во Чаир се 192, во Центар 66, во Бутел 68, во Гази Баба 63, во Аеродром 61, во Карпош 57, во Сарај 55, во Кисела Вода 37, а во Арачиново и Ѓорче Петров по 23.

Следат Шуто Оризари со 21 активен случај на КОВИД-19, Студеничани со 20, Илинден со 18, Петровец со шест, Чучер Сандево со три и Сопиште со два случаи, а има и двајца заразени странци.

Од почетокот на кризата со кронавирусот во Скопје вкупно 1.373 лица се заразиле со КОВИД-19. (МИА)

Најнови вести

Коронавирус