четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 111
home Вести

Најмногу дожд во Тетово- наврнаа 13 литри на метар квадратен

Најмногу дожд во Тетово- наврнаа 13 литри на метар квадратен

Во изминатото денонокие најмногу дожд наврна во Тетово, односно 13 литри на метар квадратен.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје, кај Петровец и Крива Паланка наврнале осум литри на метар квадратен. Потоа следуваат Пожаране со седум, Зајчев Рид, кај Скопје со пет, Крушево со четири, Демир Капија со три,  Ѓуриште, Берово, Виница, Тополчани со два и Маврово, Штип, Битола по еден литар на метар квадратен.

Информацијата од хидролошките станици покажува дека зголемени водостои има главно на хидролошките станици од северните делови на држава.

– Иако натпросечни, сепак можеме да кажеме дека според вредностите се од релативно умерен карактер. Кај помалите водотеци нема хидролошки станици и не можеме да ја потврдиме нивната состојба, но кај нив очекувано беше брзо растење на водните нивоа, а со престанок на врнежите и нивно постепено стабилизирање во зависност од снежната покривка во нивните горни сливни површини (доколку ја има), информира УХМР.

Од УХМР информираат дека времето денеска е променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне особено на југоисток ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

УХМР соопшти дека се очекува постепено намалување на водостоите на водотеците во северните делови од државата, а на југоисток во зависност од остварувањето на прогнозата за врнежите, се очекува локална појава на поројни води кај помалите водотеци и суводолици, т.е. брз пораст на нивните водни нивоа. Поради тоа предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците, особено во овој дел од државата.

Коронавирус