четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Најмногу дожд во Охрид, најстудено во Лазарополе

Најмногу дожд во Охрид, најстудено во Лазарополе

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид – 19 литри на метар квадратен. Синоптичарите и за денеска најавуваат слично време со повремени локални врнежи од дожд и засилен северен ветер, особено во источните делови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утринава најстудено е во Лазарополе каде е измерен само еден степен над нулата.

Северен ветер ќе дува и утре, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето освен во среда кога повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. (МИА)

Коронавирус