сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 71
home Вести

Најмногу дожд во Демер Капија 39 литри, најмалку во Охрид два

Најмногу дожд во Демер Капија 39 литри, најмалку во Охрид два

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Демир Капија – 39 литри на метар квадратен. Во Гевгелија наврнале 22 литри дожд, во Штип и Крива Паланка по 20, во Берово 17 и во Виница 15 литри.

Во Скопје наврнале седум литри, а најмалку дожд имало во Охрид и Преспа по два литра.

Од УХМР информираат дека дожд денеска ќе нема. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје утрово со магла, која во текот на претпладнето ќе се намали. Преку денот со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Коронавирус