недела, 20. септември 2020. Вести денес: 68
home Вести

Најмладата пратеничка во Македонија има 23 години, најстариoт 72 години, и двајцата се со средно образование

Најмладата пратеничка во Македонија има 23 години, најстариoт 72 години, и двајцата се со средно образование

Највозрасниот пратеник, 72-годишниот Илија Николовски, е пензиониран генерал, а најмладиот, 23-годишната Артина Ќазими е студентка. Двајца пратеници се со средно образование. Просечната возраст на овој пратенички состав е 45 години.

Коалицијата на СДСМ „Можеме“ освои 46 пратенички мандати, на ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“ – 44, ДУИ 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и еден ДПА.

Во собраниските фотелји седнаа 77 мажи и 43 жени (36 отсто) се на границата на законското ограничување според кое, на кандидатските листи мора да има една третина жени.

Што се однесува до возраста на пратениците, дури 16 од новите народни избраници се на возраст од 23 до 35 години. По Ќазими, најмладите се Бојан Стојаноски (28) од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Моника Зајкова (29) од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ и Јован Јаулески (29) од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Највозрасни пратеници се 72-годишните Стојан Миланов (ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата) и Илија Николовски (Коалиција „Можеме” предводена од СДСМ).

Од стариот состав во новиот продолжуваат 28 пратеници, а тројца од нив, Али Ахмети, Мендух Тачи и Иван Стоилковиќ ќе го почнат нивниот седми пратенички мандат.

Коронавирус