недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

„Најдобро решение за ОЈО ќе биде кога Заев ќе реши да ги тргне рацете од обвинителството“

„Најдобро решение за ОЈО ќе биде кога Заев ќе реши да ги тргне рацете од обвинителството“

Најдобро решение за ОЈО ќе биде кога Зоран Заев ќе реши да ги тргне рацете од обвинителството и судството и кога ќе одлучи да има независно судство вели во интервјуто за телевизија МТВ 2 лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека прелозите од страна на власта се сосема спротивни на тоа и дека се забележува директно влијание на Зоран Заев врз обвинителството.

– Еве јас ќе се обидам со една кратка компарација бидејќи ова не може да биде краток одговор да би кажам кои се нашите а кој се позициите на СДСМ. Нашата позиција е независно обвинителство нивната позиција е обвинителство кое ќе биде контролирано од СДСМ и Зоран Заев. Нашата позиција е еднакви услови за сите граѓани , за нив позицијата е услов само за оние кои што се нивни поданици обожаватели или љубители на ликот и делото на Зоран Заев истакна Мицкоски.

Претседателот на најголемата опозициона партија кажа дека позицијата на ВМРО ДПМНЕ е правда без исклучок односно права линија додека позицијата на СДСМ е отсечка која што ќе бара правда само во периодот од 2008-2015 додека пред 2008 година и после тој период за СДСМ не важи.