среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 101
home Вести

„Најдобрата анкета следи на 12 април кога граѓаните ќе ги поразат СДСМ, Шекеринска и Заев и ќе ги испратат во политичка пензија“

„Најдобрата анкета следи на 12 април кога граѓаните ќе ги поразат СДСМ, Шекеринска и Заев и ќе ги испратат во политичка пензија“

Ја разбираме нервозата во СДСМ поради анкетата. Тоа е резултат од стравот поради поразот кој им претстои, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Впрочем и нивните анкети покажуваат убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ. А најдобрата анкета следи на 12 април кога граѓаните ќе ги поразат СДСМ, Шекеринска и Заев и ќе ги испратат во политичка пензија, стои во партиската реакција и се додава:

„Народот ќе ги казни поради Рекет, аферата Леонардо, за тендерите на Анѓушев, концесиите со марихуаната и ископ на глина на кланот Заеви, крвавите тендери во здравството на Филипче од 35 милиони евра, Фондот за криминални иновации во кој сами на своите функционери си доделуваа грантови, скандалот со хеликоптерите на Рашковски и Заев од 72 милиони евра, Рекет 2, поради камионите на Вице кои возат во РЕК Битола, најголемиот скандал со непотизам како и поради најновата афера Кеш во која гледаме како организирано се ограбувал буџетот и се ограбувале милиони евра на граѓаните“.