понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Најде време да слави јубилеј, Николовски имал контакти со влијателни личности

Најде време да слави јубилеј, Николовски имал контакти со влијателни личности

Вицепремиерот за борба со корупција и генерален секретар на СДСМ во чие време Македонија е на највисокото во историјата 111 место по корупвија на листата на Транспренси интернешнл продолжува по старо.

Наместо секојдневно, темелно и сериозно да се зафати со системската корупција тој во голем дел од времето се занимава со целосно неважни работи за граѓаните додека зема плата од истите тие граѓани, пишува порталот Експрес.мк.

Откако минатата недела имаше средба со невладини организации и промовираше стар извештај за мониторинг на корупција Николовски повторно главна обврска му е ажурирање на членките книшки на СДСМ.

Како и предходните викенди тој шета низ Македонија и се слика со членови на СДСМ кои ги ажурира во партискиот список додека земјата тоне во корупција.

Покрај партиските активности Николовски се занимава и со активности надвор од неговиот ресор во Министерството за земјоделие и со Шумска полиција каде што има друг министер.

Да биде работата посмешна во исто време и трагична Николовски кој во владата е одговорен за македонската корупција почнува да евоцира спомени од неговата политичка кариера и објавува дека одбележува јубилеј од почетокот на членството во СДСМ.

“Почетоците на мојата политичка кариера, на своја 24 годишна возраст, како претседател на ОО СДСМ Крива Паланка беа одбележани преку многу соработки со истакнати и влијателни личности”, пишува Николовски но не открива кои се тие истакнати и влијателни личности.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија