сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 70
home Вести

Најчевска: Секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго

Па тие и полицијата ја тепаат, а камоли некој обичен граѓанин, пишува таа.
Најчевска: Секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго

За каков било напад на полиција се легнува на земја, му се ставаат лисици на рацете и се спроведува во полициска станица на распит, а не се води пријателски разговор, напиша професорката Мирјана Најчевска на социјалната мрежа „Фејсбук“ .

-Секој напад на полицаец мора да биде строго казнет, а напад на жена полицаец уште построго. Така се бориш со мафија, и така воспсоставуваш почитување на полицијата од страна на секој граѓанин.
Замислете кое насилство е во состојба да го примени ова човече врз обичните граѓани и колку незаштитени се тие кога ни самата полиција не може да си се заштити.
И замислете каков е односот на ова човече кон жените и во каква положба се наоѓаат тие кога ни жена полицаец не е заштитена.
Секојдневно слушам за случаи на насилство од страна на високи партиски кадри и државни функционери на ДУИ, и посебно за сексуално обоено насилсво, и никој не се осмелува да им се спротистави. Сега знам и зошто. Па тие и полицијата ја тепаат, а камоли некој обичен граѓанин, пишува таа.

Коронавирус