четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 99
home Вести

Најчевска призна: СДСМ удри по студентите кои работеа под нивно влијание за водење на „Шарена револуција“

Најчевска призна: СДСМ удри по студентите кои работеа под нивно влијание за водење на „Шарена револуција“

Во вчерашната емисија „Само вистина“ гостуваше Мирјана Најчевска, која појасни дека покрај нејзе, глоба добиле и неколку студенти кои подготвувале настапи и спроведувале нечии политики за да се одвиваат маршовите на „Шарена револуција“.

-Јас си поднесов приговор до второстепената комисија и имам намера да ја водам постапката до крај. Не толку заради мене туку заради тоа што одеднаш излезе дека многу луѓе од „Шарена револуција“ добиле такви казни. И посебно она што мене ме растревожи е тоа што такви казни добиле многу од студентите кои што беа инволвирани како студенти кои што подготвуваа одредени настапи, подготвуваа одредени дејствија. Тие дејствија беа смислувани на друго место, а тие потоа ги спроведуваа и сл. И сега одеднаш сите се повлекуваат настрана и ги истопорија децата да плаќаат некакви казни бесмислени. Во моментов казни кои што се поврзани токму со промената на еден режим, казни кои што се поврзани со многу носење на една нова власт која што би требало да даде нешто сосема поинакво од она кое што го имавме, истакна Најчевска.

Коронавирус