сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 26
home Вести

Најчевска: Пратениците да бидат амнестирани во моментот кога ќе гласаат за уставните промени и да поднесат оставка

Најчевска: Пратениците да бидат амнестирани во моментот кога ќе гласаат за уставните промени и да поднесат оставка

Јас прво навистина сакам да кажам дека јас сум една од тие кои што се против амнестии. Посебно против такви чести амнестии како што почнаа да се случуваат во Република Македонија, посочи професорката Мирјана Најчевска при гостување на емисија „24 анализа“.

Пратениците треба да бидат амнестирани чисто од политички причини, заради тоа што да јас мислам дека амнестија треба да биде искористена за политички дел. Меѓутоа под еден услов, јас лично би го поставила условот да бидат амнестирани во моментот кога ќе гласаат за уставните промени и да поднесат оставка. Заради тоа што мораат да бидат препознаени како недостојни за вршење на функцијата пратеник, истакна Најчевска.

Според Најчевска пратениците не се тие кои што треба да го штитат Собранието. Пратениците немаат таква дејност.

Коронавирус