недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Вести

Најчевска: Нема да ја платам казната, власта се обидува да не замолчи и да го продолжи притисокот

Најчевска: Нема да ја платам казната, власта се обидува да не замолчи и да го продолжи притисокот

Еден од нај активните активисти на „шарената револуција“ професорката Мирјана Најчевска во гостувањето во Отвореното студио на телевизија 24, посочи дека нема да ја плати казната која ја доби како резултат на нејзиното учество во „шарената револуција“ и фарбањето на институциите.

Според неа ваквата постапка на власта е само обид да се замолчи критичката мисла во државата и да се продолжи притисокот.

-Не ја платив казната и немам намера да ја платам. Ќе ја водам постапката, сега има жалбена постапка до второстепената комисија и врз основа на тоа што ќе добијам како одговор од таа второстепена комисија или ќе бидам ослободена од вина или пак ќе одам на Управен суд. Значи нема да ја платам казната поради тоа што не постои прекршок, значи ниту според нашата законска регулатива, тоа што ние го правевме, боењето на институциите на државата не може да се подведе под ниту една одредба за прекршување на јавниот ред и мир. И заради тоа сметам дека ова е само некој облик на продолжување на притисокот и на политичката пресија која што беше присутна во претходниот период, некако еве не престанува дури ни по промената на власта, вели Најчевска.