сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Најчевска: Ако е технички пропуст со химната е срамно и смешно, но ако е направено намерно тогаш е уште посрамно

Најчевска: Ако е технички пропуст со химната е срамно и смешно, но ако е направено намерно тогаш е уште посрамно

Во вчерашната емисија „Само вистина“, Мирјана Најчевска во врска со неинтонирањето на химната за време на посетата на Ципрас, посочи дека е срамно доколку е пропуст на владата, но уште посрамно е ако е намерно направено.

Навистина е чудно тоа што не била интонирана химната и мене многу ме изненади. Јас сум склона да верувам дека станува збор за технички проблем, заради тоа што непрофесионалноста толку многу проби во сите наи структури, и во министерствата, и во такви служби како што е протокол и сл. Што многу ми е веројатна таа идеја, мислам заради тоа што се случуваа работи и со тие килимите што ги местеа, нели ги виткаа, па ги поместуваа, па грешки со знамињата и сл. Но оставам и голема шанса дека и тоа е направено многу свесно и тоа навистина не ми се допаѓа. Заради тоа што тоа никој не го барал тоа од Македонија, заради тоа што тоа си е официјална химна на Македонија и таа треба да биде интонирана се до моментот додека не биде заменета со друга и сл., рече Најчевска.

Најчевска посочи ако е технички пропуст со химната е срамно и смешно. Но ако е направено намерно тогаш е уште посрамно.

Најнови вести

Коронавирус