недела, 19. септември 2021. Вести денес: 36
home Вести

Најави и фалби купишта, заеми и долгови уште повеќе, а економијата продолжува да пропаѓа

Најави и фалби купишта, заеми и долгови уште повеќе, а економијата продолжува да пропаѓа

Крајот на минатата и почетокот на оваа 2021 година, премиерот Зоран Заев и другите владини претставници, пред се раководители на економско-финансиските ресори се изнафалија дека годинава ќе следи рестартирање на економијата, а македонската економија и првото тромесечје од годината го заврши со негатива од скоро два отсто.

Односно, според последниот извештај на Државниот завод за статистика, растот на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од годинава е во минус 1,9 проценти. Освен тоа и петтиот пакет мерки, поддршка од државата за стопанството и граѓаните, исто така, според најавите на властодршците, беше во духот на рестартирање и заживување на економијата.

„Петтиот пакет економски мерки има за цел рестартирање на економијата и враќање на стапките на економски раст во интервал од 4-5% од пред настапување на кризата, и за директна поддршка на стопанството, компаниите, а со тоа и поддршка на граѓаните за подобрување на животниот стандард и работните услови“, изјавија во една прилика портпаролите на Владата на почетокот на годината.

Премиерот Зоран Заев отиде уште понатаму, најавувајќи дека годинава ќе следел квантен економски скок и за стопанството и за економијата на македонските граѓани.

„2021 година е година на вистински предизвик, година на заживување на економијата, година на квантен економски скок за сите граѓани“, најави Заев на само неколку дена од новата 2021 година.

Освен најавиве, Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев, во име за поддршка на економијата и граѓаните, за време на минатата кризна година државата ја задолжија за над една милијарда евра, при што јавниот долг ја надмина Мастрихшката граница за стабилна економија и истиот изнесува над 60% од БДП.

Од друга страна, според проценките од сите овие финансиски средства, кај стопанството завршија само некаде околу 350 милиони евра.

Познавачите на економските прашања и засегнатите стопански гранки за текот на целата кризна година критикуваа дека мерките кои Владата ги носеше не се соодветно таргетирани стопанските гранки на кои најмногу им треба финансиска поддршка, дека одвоените средства за стопанството не се доволни за да ги ублажат последиците од кризата и дека и таа недоволна финансиска помош не стига на време кај целните групи.

Сето ова се покажа како точно, така што годинава место раст на економијата да имаме, втора година кај што економијата и работата на стопанството е во негатива.

Најнови вести

Коронавирус