сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Најавен протест против насилството врз здравствените работници

Најавен протест против насилството врз здравствените работници

„Стоп за насилството врз медицинарите“, вака гласи најавата за протестот кој го најавува Асоцијација на специјализанти и млади лекари (АСМЛ), закажан за 18 септември во 11 часот, кај Клиничкиот центар.

Од АСМЛ велат дека времето на неделување помина, и бараат државата да превземе итни мерки за да ги заштити медицинарите, во спротивно, велат, организирано ќе престанат со работа се до решавање на ваквиот проблем.

„Ве повикуваме на обединет протестен собир на сите здравствени работници, да кажеме ДОСТА Е! Ова ќе биде последна опомена и изразување на нашиот револт, не смееме да работиме под страв во и онака лоши услови!“, стои во најавата за протестот.

Барањата за протестот се итно донесување на закон за докторска дејност, законско изедначување на напад на медицинар со напад на полицаец, како и итно организирање на служби за обезбедување во секој здравствен објект.

Инаку, најавата за протестот доаѓа откако во претходните денови се случија неколку напади врз здраствени работници, меѓу кои во Тетово, Кавадарци Драчево, стара градска болница во Скопје… Оттука, низ јавноста се појавија повеќе реакции, а Лекарската комора изрази загриженост за зачестените напади и побара итна средба со министрите за здравство и за внатрешни работи, Венко Филипче и Оливер Спасовски.